24фудбал

Официјално: Балотели е фудбалер на Милан

Марио Балотели и официјално е фудбалер на Милан откако напаѓачот се договори со Росоњерите за четири ипол годишен договор.

Италија

Milan Channel потврди дека Балотели е ново засилување за Милан, тој утре пристигнува во Милано каде ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише четири ипол годишен договор со клубот.

„Марио пристигнува утре!!! Има договор помеѓу двата клуба" - стои во соопштението на Milan Channel.

„Утре тој ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе потпише договор со Милан до 30. јуни 2017".

На официјалната страна на Милан, Балотели веќе е во составот на Росоњерите, тој ќе го носи дресот со број 9.

Милан за овој трансфер ќе плати 20 милиони евра плус бонуси, сумата ќе биде исплаќана на рати.