24фудбал

Милан и Сити се договориле за трансферот на Балотели

Според пишувањата на медиумите од Италија, Марио Балотели практично е фудбалер на Милан откако ’Росоњерите’ начелно постигнале договор со Манчестер Сити

Италија

Извештаите велат дека во Лондон денеска се сретнале лидерите на Манчестер Сити и Мино Раиола, агентот на Марио Балотели, кој на ’Граѓаните’ им ја презентирал понудата на Милан.

Се говори дека Манчестер Сити и Милан начелно постигнале договор за сумата која ќе биде платена за преселба на италијанскиот репрезентативец на Сан Сиро.

Двата клуба постигнале согласност за трансфер вреден околу 22 милиони евра, кои ќе бидат платени на рати во следните шест години.

Преостанува сега да се испеглаат само уште неколку ситни детали, или поточно бонусите што ќе ги добие актуелниот шампион на Англија.

Медиумите шпекулираат дека во текот на денот треба да пристигне и официјална потврда.