24фудбал

Матераци: Балотели секогаш бил фан на ’Росоњерите’

Марко Матераци вели дека Марио Балотели отсекогаш бил фан на Милан, верува дека напаѓачот ќе биде од голема корист за ’Росоњерите’

Италија

Медиумите шпекулираат дека проблематичниот напаѓач овој месец ќе стави крај на авантурата во Англија и ќе го облече дресот на Милан, лутиот градски ривал на Интер.

Поранешниот фудбалер на ’Нероаѕурите’, Марко Матераци воопшто нема да биде изненанден од една ваква зделка, популарниот Матрикс вели дека Марио Балотели отсекогаш бил фан на ’Росоњерите’.

Зборувајќи за Gazzа Offside, Матераци рече: „Марио секогаш имаше пасија кон боите на ’Росоњерите’”.

„Во соблекувалната на Интер се појави со чорапи на Милан, па јас бев принуден да ги исечам на половина”.

„Марио е големо бебе што сака да се забавува. За Алегри тој ќе биде прав хит, се работи за несекојдневен напаѓач со огромен потенцијал”.

„Јас имам само добри спомени од него, но можеби тој има лоши спомени од мене”.

„Пред да играме со Барселона во првиот натпревар од полу-финалето во Лигата на Шампионите му реков: ,Ако влезеш во игра од клупата за резерви, и не одиграш онака како што умееш, ќе ти удрам една’”.

„На крајот морав да го сторам тоа, бидејќи го сакав како син”.

Матераци зборува за инцидентот од април 2010, кога по победата од 3-1 над Барса на Џузепе Меаца, Балотели го фрли дресот на Интер на тревата по навредите кои ги доби од фановите.