24фудбал

Балотели денес се сели во Милан?

Според шпекулациите на медиумите од Англија и Италија, Милан е на добар пат да го ангажира Марио Балотели од Манчестер Сити во зделка вредна околу 20 милиони евра

Италија

’Росоњерите’ потврдија дека посакуваат овој месец да го ангажираат италијанскиот репрезентативец, но побараа од Манчестер Сити да ја намали цената на проблематичниот напаѓач.

Последните извештаи велат дека агентот на Марио Балотели, Мино Раиола денеска на ’Граѓаните’ ќе им ја презентира понудата од Милан вредна околу 20 милиони евра.

Се говори дека оваа сума најверојатно ќе биде доволна за актуелниот шампион на Англија да се раздели со ’Супер Марио’.

Исто така се шпекулира дека ’Росоњерите’ би можеле да го понудат Кевин Принц Боатенг во обид да го убедат Манчестер Сити да прфати продажба на Балотели.

Медиумите од Англија додаваат дека 22 годишниот напаѓач вчера одржал проштална забава за своите блиски пријатели, и им соопштил дека се враќа во Милано.

Балотели пристигна во Манчестер Сити во 2010 од редовите на Интер, напаѓачот не се снајде најдобро на ’Островото’ и често беше на насловните страни на весниците поради глупостите кои ги правеше.

Роберто Манчини, кој му овозможи на Балотели да дебитира во првиот тим на Интер, веруваше дека ќе може позитивно да влијае врз фудбалерот, но се чини дека и стратегот повеќе не сака да го телелира проблематичниот Марио.