Категорија: Германија 28.03.2024 12:06
Изминатиов период често се пишува за трансфер на Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид, левиот бек е под договор со Баерн до јуни 2025, преговорите за нова соработка тапкаат во место, па „кралевите“ сакаат да ја искористат оваа ситуација и летоска да го купат репрезентативецот на Канада.
Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека „баварците“ му поставиле ултиматум на Алфонсо Дејвис и побарале од играчот на почетокот од април да се изјасни кои му се плановите за иднината.
На ова жестоко реагираше агентот на левиот бек.
„Не е фер што вака го напаѓаат Алфонсо сега. Пред една година бевме блиску до договор. Но тогаш беше променето целото раководство на клубот. Потоа седум месеци не слушнавме ништо од нив, и покрај тоа што јас во неколку наврати се обидов да стапам во контакт со клубот“ – вели агентот.
„И сега ни е поставен ултиматум, треба да одлучиме во две недели бидејќи клубот е под притисок. Тоа не е фер“.
„Ова е многу важен договор во кариерата на Алфонсо, а треба да донесеме одлука без да знаеме кој ќе биде новиот тренер, без да знаеме како ќе изгледа тимот следната сезона“.
„Затоа мислам дека не е фер овој ултиматум. На крајот од сезоната ќе одлучиме за следниот чекор, тогаш ќе имаме многу појасна слика“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.