24фудбал

Еду е темелен, Арсенал има список со дури 10 имиња во потрагата по нов напаѓач

Арсенал планира летоска да донесе нов голгетер на „Емирати“, а според пишувањата на Дејли Мирор, во бележникот на спортскиот директор Еду има дури 10 имиња.

Англија

„Топчиите“ до овој момент имаат постигнато 70 погодоци во Премиерлигата, повеќе од било кој друг клуб, но и покрај тоа еден од приоритете во летниот преоден рок ќе биде ангажман на нов напаѓач.

Спортскиот директор Еду е прилично темелен, и во неговиот бележник има дури 10 имиња.

Како што пренесува Дејли Мирор, на радарот на Арсенал се Ајван Тони од Брентфорд, Александер Исак од Њукасл, Виктор Гјокереш од Спортинг, Виктор Осимен од Наполи, Луис Опенда од Лајпциг, Бенџамин Шешко од Лајпциг, Еванилсон од Порто, Брајан Броби од Ајакс, Сантијаго Хименез од Феенорд и Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.