24фудбал

Нова идеја на Баерн, сака да го замени Тухел со страшен тандем

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен размислува да го назначи Зинедин Зидан во тандем со Франк Рибери како замена за Томас Тухел.

Германија

Томас Тухел ја напушта клупата на Баерн Минхен по крајот на сезоната, па често кружат класини за тоа кој ќе биде новиот предводник на „баварците“.

Се верува дека Чаби Алонсо е прв избор на клубот од „Алианц Арена“, а доколку Шпанецот реши да остане во Баер Леверкузен, или одбере друг пат, тие на ум го имаат Роберто де Зерби како план Б.

Зинедин Зидан исто така е опција, но Французинот во неколку наврати има кажано дека јазикот е клучен фактор при изборот на следниот клуб.

Баерн има идеја како да го убеди и привлече популарниот Зизу, и планира да го именува заедно во тандем со неговиот сонародник Франк Рибери, кој помина 12 години во Минхен и одлично ги познава случувањата на „Алианц Арена“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.