24фудбал

ПСЖ со зајадлив коментар до Барса: Не сме луди да понудиме толку многу пари на клуб пред банкрот!

Медиумите од Шпанија пренесуваат одговор на ПСЖ по шпекулациите дека „светците“ биле тие кои понудиле 200 милиони евра за ангажамн на Ламине Јамал.

Шпанија

Минатата недела, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта откри дека одбиле 200 милиони евра за услугите на Ламине Јамал.

Потоа се појавија шпекулации кои велеа дека ПСЖ бил клубот кој бил спремен да одвои ваква неверојатна сума за 16 годишното момче.

Сепак, медиумите од Шпанија сега откриваат каков бил одговорот од „Паркот на принцовите“.

„Не сме до толку луди, никогаш нема да понудиме 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот“ - гласи пораката од Париз.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.