24фудбал

Барди маестрално погоди од слободен удар, фудбалерите на Фенер „добија ќотек“ по победата (ВИДЕО)

Фенербахче со 2-3 славеше кај Трабзонспор, нашиот Енис Барди маестрално погоди од слободен удар а по крајот на натпреварот се случија немили сцени, гостите „добија ќотек“ откако домашните навивачи влегоа во терен.

Останато

Во последниот натпревар од 30. коло во првенството на Турција, Фенербахче славеше со 2-3 кај Трабзонспор.

Гостите на пауза имаа два гола предност, но Барди во 63. минута маестрално погоди од слободен удар и ги врати домаќините во игра.

Трезеге од пенал изедначи на 2-2, но Батшуаи во финишот од мечот се погрижи Фенербахче да ги освои трите бода и да го задржи чекорот со лидерот Галатасарај.

Радоста кај гостите беше огромна, но тоа не им се допадна на домашните навивачи, кои влегоа во терен и направија голема мешаница.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.