24фудбал

Ибра: Ониеву? За малку ќе се убиевме

Златан Ибрахимовиќ во својата автобиографска книга открива детали од тепачката што ја имаше со Огучи Ониеву и вели дека во инцидент тој заработил скршено ребро

Италија

Ибра и Ониеву имаа физичка пресметка на еден тренинг на Росоњерите во ноември 2010.

Медиумите од Италија тогаш пренесоа дека тепачката настанала откако Ибрахимовиќ направил опасен лизгачки старт врз Ониеву, кој штотуку се врати на терените по сериозна повреда на коленото.

Се пишуваше дека играчите на Милан и тренерскиот персонал веднаш реагирале и спречиле поголем инцидент, а потпретседателот на Милан, Адриано Галијани изјави дека тоа било само ’љубовна тепачка’.

Во својата автобиографска книга ’Јас сум Златан Ибрахимовиќ’ шведскиот репрезентативец открива повеќе детали за инцидентот.

“Во тепачката со Ониеву, заработив скршено ребро, но не кажав ништо. За малку ќе се убиевме.” – напиша Ибра.

Швеѓанецот во својата автобиографија исто така се исповедува дека навистина го навредил помошник-судијата на средбата помеѓу Фиорентина и Милан, потег за кој подоцна доби три натпревари суспензија.

Тогаш Ибра се превдаше дека едноставно бил лут со самиот себе и ниту една од пцовките не била упатена кон помошник-судијата, но сега напаѓачот отркива дека по барање на Милан тој тогаш лажел.

Златан во книгата го критикува и екс-селекторот на Шведкса, Ларс Лагербак а сонародникот Фреди Љунгберг го опишува како ’прима дона’.

Ибра исто така се жали дека во Италија е цел на расистички навреди, каде фановите го викаат ’Циган, Циган’.