24фудбал

Фанови на Тотенхем нападнати во Рим

Десeтина фанови на Тотенхем се повредени, еден е во сериозна состојба, откако избила тепачка во еден паб во близина на центарот на Рим

Лига Европа

Според пишувањата на медиумите, инцидентот се случил во раните утрински часови, кога голем број на ултрас навивачи на Лацио нападнале фанови на Тотенхем во еден паб во близина на центарот на Рим.

Се говори дека во тепачката биле инволвирани и до 100 фанови на Лацио, кои користеле ножеви, бејзбол палки и метални шипки.

Извештаите велат дека дестина фанови на Тотенхем побарале лекарска помош, а едно лице се здобило со посериозна повреда, и најверојатно ќе треба да биде опериран.

Полицијата веќе привела неколку лица осомничени за инцидентот.

Лацио и Тотенхем вечерва се среќаваат на Олимпико во рамките на петото коло од Лига Европа.