24фудбал

Македонија има скок од 21 место на најновата ФИФА ранг листа

Македонија има фантастичен скок од 21 место на најновата ФИФА ранг листа, победата над Србија не\' искачи на 83. позиција во светот.

Македонија
Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за 21 позиција на последната ранг листа на ФИФА.
 
Големата победа над селекцијата на Србија се одрази и на пласманот на нашата селекција која по подолго време бележи голем скок и сега е на 83. место.
 
На врвот на табелата и понатаму е Шпанија, втора е Германија, во топ десет се и селекциите на Аргентина, Португалија, Италија, Англија, Холандија, Колумбија, Русија и Хрватска.
 
Од нашите соседи најдобра е Грција на 12. место, Бугарија со скок од 15 позиции се најде на 40. место, две места подоле е Србија со пад од 9 позиции, Албанија е 67. со скок од 17 места.
 
Нашиот следен противник со кој ќе одиграме пријателски натпревар, Словенија, се наоѓа на 49. позиција на табелата.