24фудбал

Анчелоти: Очекувам реакција

Карло Анчелоти очекува неговиот тим со победа над Динамо Загреб да покаже дека поразот од Сент Етјен бил само еден лош ден

Лига на Шампиони

Изминатиов викенд, ПСЖ го доживеа првиот пораз во првенството на Франција, ’Светците’ пред своите фанови загубија во дуелот со Сент Етјен.

Пред ПСЖ сега е дуелот со Динамо Загреб во Лигата на Шампионите, Карло Анчелоти очекува реакција од неговиот тим и победа над шампионот на Хрватска.

„Во пресрет на дуелот со Сент Етјен, екипата играше со интензитет” – рече Анчелоти на прес конференцијата.

„Мислам дека поразот беше само еден лош ден, и токму тоа треба да го покажеме на дуелот со Динамо Загреб”.

„Кога градите тим, не можете секогаш да бидете перфектни, и понекогаш ќе се појавуваат проблеми”.

„Но една работа е сигурна, очекувам добра реакција против Динамо Загреб”.

За денешниот противник, Италијанецот рече: „Динамо ги помина квалификациите и заслужува да игра во Лигата на Шампионите, па имаме почит кон нив”.

„До овој момент тие немаат постигнато гол во групната фаза, и се надевам дека тоа ќе остане така и по нашиот дуел”.

„Целта на ПСЖ е да се пласира во следната фаза. Имаме шанси за првото место во групата, па ќе видиме како ќе стојат работите по ова коло”.

Запрашан за перформансите на неговиот тим, Анчелоти одговори: „Мислам дека не играме фантастичен фудбал, но имавме неколку натпревари на кои покажавме солидни перформанси.

„Потребно е да продолжиме да бележиме прогрес и да бидеме конзистентни”.

„Забележавме добри резултати и покрај тоа што не играме на врвно ниво”.