24фудбал

Приведени 80 фанови на Динамо Загреб во Париз

Полицијата утрово привела околу 80 фанови на Динамо Загреб во хотел во престолнината на Франција

Лига на Шампиони

Министерството за внатрешни работи на Франција во неделата соопшти дека нема да им дозволи на ултрас навивачите на Динамо Загреб, познатите ’Бед Блу Бојс’, да допатуваат во Париз за дуелот помеѓу ПСЖ и Динамо Загреб во Лигата на Шампионите.

Сепак, неколку стотина фанови успеале да пристигнат во престолнината на Франција.

Вчера, во вечерните часови во центарот на Париз се случил инцидент помеѓу навивачите на ПСЖ и Динамо Загреб.

Медиумите пренесуваат дека тепачката завршила со 24 лица приведени, од кој најголемиот дел Хрвати, и еден фан на Динамо Загреб сериозно повреден.

Полицијата сега соопшти дека утрово во еден хотел во Франција биле приведени уште 80 фанови на Динамо Загреб, кои со полициска придружба ќе бидат испратени надвор од Франција.