24фудбал

Мурињо: Борусија Дортмунд може да ја освои Лигата на Шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо верува дека Борусија Дортмунд има сили да стигне и до трофејот во Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Утре на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид ја пречекува екипата на Борусија Дортмунд во четвртото коло од Лигата на Шампионите.

Кралевите загубија во Дортмунд, па во Мадрид ќе бараат одмазда и освојување на три бода со кои ќе дојдат на чекор до пласман во следната фаза.

Мурињо е свесен за квалитетите на противникот, вели дека Дортмунд може да дојде и до трофејот од големото натпреварување.

„Тие се одличен тим и можат да го освојат натпреварувањето доколку се пласираат во следната рунда" - вели Мурињо.

„Тие се многу силни на контра напади и во транзициона игра. Нивните фудбалери се креативни и брзи, но во исто време и одлични во дефанзивата".

„Натпреварот против нив ќе биде комплициран, но мислам дека можеме да дојдеме до добар резултат".

„Нема да можеме да сметаме на Карим Бензема, има проблеми со мускулот, Не знам колку долго ќе биде отсутен но утре нема да игра".

„Варан ќе биде во стартниот тим за дуелот против Дортмунд".

„Не знам дали Модриќ ќе игра од првата минута, истото би ви го кажал и за Есиен, Чаби Алонсо или Кедира".