24фудбал

Роналдо: Ако можев ќе гласав за самиот себе за ’Златната Топка’

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се смета себе си за најдобар фудбалер во светот

Шпанија

Кристијано Роналдо се најде на листата со 23. претеденти за ’Златната Топка’, и покрај Лео Меси тој е еден од фаворитите за оваа престижна индивидуална награда.

Како капитен на Португалија, Роналдо ќе учествува во изборот на Најдобриот Фудбалер во Светот во 2012.

Во интервју за France Football, CR7 вели дека тој ќе гласал за замиот себе, доколку правилата дозволувале такво нешто.

„Доколку можев, ќе гласав за самиот себе” – рече ѕвездата на Реал Мадрид.

„Јас сум она што сум, и среќен сум со тоа. Да бидете премногу скромни не е убаво”.

„Во Португалија велиме дека премногу скромност е вообразеност”.

Се шпекулира дека Роналдо не е задоволен од платата која ја добива на Сантијаго Бернабеу, и бара нов побогат договор.

Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да потроши богатство за да го донесе Португалецот на Паркот на Принцовите, но Роналдо вели дека парите не го интересираат.

„Играм поради страста кон фудбалот, и љубовта кон дресот што го носам. Доколку играв за пари, ќе бев во друг клуб”.

„На сите фудбалери им се допаѓа кога тимови како ПСЖ, Манчестер Сити и Челзи сонуваат за нив, но во моментов такви мисли не ми поминуваат низ глава”.