24фудбал

Меси - Роналдо 2:2

Кристијано Роналдо и Лионел Меси постигнаа по два гола за реми на Камп Ноу, Барселона ја задржа предноста од осум бода над Реал Мадрид.

Шпанија
Ел Класико дуелот во знакот на двете најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо беа во главна улога на Камп Ноу.
 
Тито Виланова имаше многу проблеми со составувањето на одбраната, стандардните Пике и Пујол не настапија поради повреди.
 
Реал Мадрид го отвори натпреварот, по асистенција на Бензема, Кристијано Роналдо со силен удар ја смести топката во мрежата на Барселона за водство од 1-0.
 
Бензема можеше да го зголеми резултатот на 2-0, но неговиот удар заврши во стативата.
 
Во 28. минута нов удар за Барселона, Дани Алвеш се повреди, на негово место влезе Монтоја.
 
Барса брзо дојде до израмнување, во 31. минута по една лоша интервенција на одбраната на Реал Мадрид, Меси најдобро се снајде и погоди за 1-1.
 
По 15 минути игра во второто полувреме, Барса прави комплетен пресврт и доаѓа во водство, Меси постигна прекрасен гол од слободен удар.
 
Само пет минути подоцна, убава асистенција од Озил до Роналдо кој постигнува погодок за израмнување на 2-2.
 
Барса можеше да дојде и до победа, ударот на Монтоја од далечина заврши во пречката од голот на Касиљас.
 
Офанзивата на Реал Мадрид не функционираше најдобро, Бензема и Игуаин не играат во својата најдобра форма, па тимот на Мурињо не успеа да ги искористи проблемите кои ги имаше Барса во одбраната.
 
По седум одиграни кола разликата помеѓу Барселона и Реал Мадрид остана осум бода.