24фудбал

Убедливи победи на Челзи и Сити, нови 90 минути за Горан Попов

Челзи убедливо со 4-1 го победи Норич на Стемфорд Бриџ, Манчестер Сити со 3-0 славеше над Сандерленд, Горан Попов го одигра целиот натпревар за ВБА против КПР кој неговиот тим го доби со 3-2.

Англија
Натпреварот за Челзи не започна најдобро, по само 11. минути игра Холт постигна гол за водство на Норич од 1-0.
 
Но само три минути траеше радоста на домаќините, кога Фернандо Торес со глава реализираше за израмнување на 1-1.
 
Во 22. минута Лампарад погоди за комплетен пресврт и водство на Челзи од 2-1.
 
По една убава акција на Челзи во 31. минута Азар зголеми на 3-1, а Бане Ивановиќ во 76. ги постави конечните 4-1.
 
Челзи доминираше во текот на целиот натпревар и лесно можеше уште поубедливо да слави.
 
Манчестер Сити со убедливи 3-0 го совлада Сандерленд.
 
Коларов, Агуеро и Милнер беа стрелците за тимот на Роберто Манчини.
 
Горан Попов одигра нови 90 минути за Вест Бромвич Албион кој на свој терен го доби КПР со 3-2.
 
Евертон во 87. минута од пенал се спасуваше од пораз против Виган, Бејнс ја реализираше најстрогата казна, натпреварот заврши 2-2.
 
Реми со ист резултат одиграа и екипите на Свонси и Рединг.