24фудбал

Анчелоти: Кој не би посакал фудбалер како Роналдо

Карло Анчелоти признава дека посакува да го има Кристијано Роналдо во ПСЖ, стратегот верува дека Португалецот без проблем ќе може да игра покрај Златан Ибрахимовиќ

Франција

Медиумите шпекулираа дека на адреса на Кристијано Роналдо пристигнала богата понуда од ПСЖ, па затоа фудбалерот на почетокот од септември шокантно изјави дека не е среќен во Реал Мадрид.

Од таборот на ’Светците’ подоцна ги негираа ваквите стории, и нагласија дека никогаш не стапиле во контакт со репрезентативецот на Португалија.

Карло Анчелоти сега вели дека не знае какви се шансите за Кристијано Роналдо да се пресели на Паркот на Принцовите, но признава дека сака да го има фудбалерот во својот тим.

Тој исто така верува дека Португалецот без проблем ќе може да игра покрај најголемата ѕвезда на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ.

“Не знам дали клубот ќе може да направи еден ваков трансфер.” – рече Анчелоти за медиумите од Франција. “Роналдо е симбол на Реал Мадрид.”

“Но дали некој тренер може да каже дека не го сака Кристијано Роналдо во својот тим?”

“Мислам дека тој може да игра покрај Ибра без проблем. Тие имаат доволно квалитет за да играат заедно.”

“Мислам дека нивното его нема да креира проблеми. Во Милан, имав многу фудбалери со големи ега, и креиравме одличен тим.”