24фудбал

Мурињо го кани Ибра во Реал Мадрид?

Најновите шпекулации во медиумите велат дека Жозе Мурињо го кани Ибрахимовиќ во Реал Мадрид каде му ветува борба за трофејот во Лигата на Шампионите.

Шпанија

Шведскиот интернационалец даде неколку интервјуа во кои изрази заситеност од фудбалот, тренинзите, губење на мотивот за успех.

Според Corriere dello Sport и неколку други медиуми, Ибра е иритиран од фактот што сеуште ја нема освоено Лигата на Шампионите и верува дека тоа не може да му се случи ниту со Милан.

Жозе Мурињо два пати го направи тоа, еднаш со Порто и еднаш со Интер, во годината во која Ибра се пресели во Барса.

Сега информациите велат дека Мурињо го кани Ибрахимовиќ во Реал Мадрид со ветување дека ќе се бори за трофејот од Лигата на Шампионите.