24фудбал

Меси: Значајна победа на тежок терен

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е задоволен од играта на својот тим и победата на тешкиот терен кај Бенфика.

Лига на Шампиони
Во минатото Барселона имаше проблем да слави на теренот на Бенфика, но синоќа Каталонците славеа со 2-0.
 
Лео Меси не постигна гол, но беше асистент при двата погодоци.
 
"Одигравме одличен натпревар на терен на кој е многу тешко да се игра" - изјави Меси по натпреварот.
 
"Бенфика е многу добар тим и ни ја отежна работата, но и покрај тоа креиравме повеќе шанси за гол".
 
"Бенфика имаше некои шанси за гол, но ние заслуживме да победиме".
 
"Сега продолжуваме да работиме за да се квалификуваме во следната фаза".
 
"Среќен сум што бев асистент на двата гола, но она што ме интересира повеќе е победата и освоените три бода".