24фудбал

Со вуду магија против Меси и Барса!

Португалскиот весник Record се пошегува во пресрет на дуелот помеѓу Бенфика и Барселона, и објави дека планот ’анти Барса’ е употреба на вуду магијa

Лига на Шампиони

Португалскиот весник денеска имаше духовита насловна страна на која е прикажна кукла облечена во дресот на Меси и прободена со игли.

’Каталонците’ важат за голем фаворит, па Record констатира дека на Бенфика ќе и треба вуду магија за да го сопре аргентинецот Лео Меси и неговите соиграчи.

Бенфика нема победа над екипа од Шпанија веќе 30 години, односно од триумфот над Бетис во Купот на УЕФА Во 1982 година.