24фудбал

Меси: Сакам луѓето да ме запомнат како добро момче

Ѕвездата на Барса, Лео Меси вели дека тимскиот успех му е поважен од индивидуалните награди, и додава дека повеќе се грижи да биде добра личност отколку најдобар фудбалер

Шпанија

Аргентинецот три години во низа е прогласуван за најдобар фудбалер во светот, а и оваа година важи за фаворит за освојување на ’Златната Топка’.

Во интервју за El Pais, Лео Меси вели дека е заинтересиран за освојување на титули со Барселона, а не за индивидуални трофеи.

Тој исто така додава дека повеќе се грижи да биде добра личност отколку најдобар фудбалер во светот.

“Преферирам да освојувам титули со тимот отколку лични награди или пак да постигнам најмногу погодоци.” – рече Меси.

“Повеќе се грижам да бидам добра личност отколку најдобар фудбалер во светот.”

“Мојата намера е да бидам запаметен како добро момче кога ќе се пензионирам.”

Аргентинецот потоа додаде: “Индивидуалните награди се убави и благодарен сум за оние што ги освоив.”

“Но немаше да го сторам тоа без помошта на моите соиграчи.”

“Имам среќа што играм во Барселона, покрај голем број на одлични фудбалери. Овој тим ми даде се – титули, голови, награди. Овој тим креираше историја освојувајќи се.”

“Без помошта на соиграчите, немаше да освојам ништо. Ниту титули, ниту награди.”

“Најдобрата работа кај овој тим е тоа што и по пет години сеуште сме гладни за успех и на секој натпревар му пристапуваме на ист начин, со иста амбиција да продолжиме да победуваме.”