24фудбал

Роналдо: Дуелот со Барселона е многу важен

Кристијано Роналдо вели дека победата од 5-1 над Депортиво им ја зголемила самодовербата, и додава дека дуелот со Барселона е многу важен

Шпанија

’Кралевите’ вчера се вратија од еден гол негатива, и забележаа убедлива победа од 5-1 во дуелот со Депортиво.

Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик, вели дека овој триумф им ја зголемил самодовербата во пресрет на дуелот со Барселона.

“Во воведните минути делувавме незаинтересирано, па Депортиво постигна гол.” – рече Португалецот.

“Нивното водство не разбуди, започнавме да играме многу подобро и направивме кам-бек. Одигравме солидно и заслужено стигнавме до три бода.”

“Знаеме дека повеќе не можеме да губиме бодови, па ова беше важна победа. Ни беше потребен триумф за зголемување на самодовербата.”

Во недела Реал Мадрид гостува на Камп Ноу во првото ’Ел Класико’ од новата сезона во Примера.

“Знаеме дека не чека тежок и комплициран натпревар.” – продолжи Роналдо.

“Дуелот со Барселона е многу важен.”

“Потребно е да останеме фокусирани и да имаме верба дека ќе одиграме добар натпревар.”