24фудбал

Пандев: Сакам да бидам успешен со Наполи

Горан Пандев е задоволен од престојот во Наполи и сака да постигне големи работи со тимот.

Италија

Пандев кој игра како позајмен фудбалер во Наполи, се чини дека сеуште комплетно не е прилагоден на новата средина и ја бара својата најдобра форма, но Горан е импресиониран од фановите и сака да успее со неговиот нов тим.

Тој заработи повреда на натпреварот против Интер и се чинеше дека ќе паузира околу два месеци, сепак тестовите покажаа дека тој само две недели ќе биде надвор од теренот.

"Луѓето тука во Неапол се навистина многу пасионирани и навистина прекрасно ме пречекаа" - вели Пандев.

"Верувам дека заедно ќе можеме да оствариме големи работи со Наполи".