24фудбал

Чеде Јаневски разочаран со ремито против Шкотска

Селекторот на Македонија, Чедомир Јаневски е задоволен од прикажаната игра на Хемпден Парк, но не и од резултатот и освоениот бод во дуелот со Шкотска

Македонија

’Црвено-жолтите’ прикажаа импресивни перформанси, ја надиграа Шкотска, но за жал избраниците на Чеде Јаневски не ги искористија креираните шанси, и натпреварот заврши 1-1.

“МекГрегор беше избран за играч на натпреварот, а кога голманот ќе добие вакво признание јасно е што се случувало на теренот.” – рече селекторот на Македонија по крајот на натпреварот.

“Можам да бидам задоволен од перформансите на моите фудбалери, но не сум задоволен со освоениот бод.”

“Мислам дека одигравме добро, им честитам на моите фудбалери за она што го прикажаа.”

“Но жално е што не се враќаме во Скопје со три освоени бода.”

“Имавме три чисти шанси за гол, а исто така ја погодивме и стативата.”

“Заслуживме да имаме повеќе бодови по првите два натпревари.”