24фудбал

Левин: Потребно е да ја почитуваме Македонија

Селекторот на Шкотска, Крег Левин очекува тежок натпревар против Македонија, и ги советува своите избраници да не го потценуваат противникот

Македонија

Шкотска на стартот од квалификациите за СП 2014 одигра натпревар без голови пред своите фанови во дуелот со Србија, па многумина упатија критика врз селекторот Крег Левин за начинот на кој тој ја постави играта.

“Можам да ја разберам фрустрацијата на фановите.” – рече Левин. “Но никој не е пофрустриран од мене.”

“Знам дека можеме да играме подобро и можам да ги разберам фановите, бидејќи сакаме да победиме на секој натпревар.”

“Но глупаво е уште сега да се говори дека сме ги загубиле шансите за пласман на СП 2014. Во игра се уште 27 бода.”

“Доколку победиме утре, а другите резултати одат во наша корист, би можеле да бидеме на првата позиција во групата. И одеднаш бодот со Србија станува важен. И кој би знаел? На крајот од квалификациите овој бод би можел да биде клучен.”

За утрешниот противник, Левин рече: “Вечерва, ќе анализираме како игра селекцијата на Македонија.”

“Потребно е да го почитуваме нашиот противник. Доколку погледнеме на нивните неодамнешни резултати, ќе забележиме дека тие играат добро. Мислам дека заслужија да освојат бод против Хрватска.”

“На претходните дуели со Македонија имавме одредени потешкотии па очекувам тежок натпревар.”

“Неколку фудбалери не одиграа на потребното ниво во саботата, па тие одлучно посакуваат да го исправат тоа на утрешниот натпревар.”