24фудбал

Официјално: Ван Перси го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Робин ван Перси, Холанѓанецот потпиша четиригодишен договор со Црвените Ѓаволи.

Англија
Откако синоќа ги помина медицинските тестови, Робин ван Перси денес стави потпис на четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед со што го комплетираше трансферот од Арсенал.
 
"Робин е напаѓач од светска класа кој е докажан во Англија и Европскиот фудбал. Неговиот талент не треба да им се објаснува на нашите фанови, тој има постигнато многу голови против нас во некои големи битки со неговиот поранешен клуб. Неговите движења и финишот се неверојатни" - изјави Сер Алекс Фергусон.
 
Робин ван Перси вели дека му е вистинска чест што потпишува за Манчестер Јунајтед и едвај чека да започне со новата авантура.
 
"Чест е да се потпише за Манчестер Јунајтед" - е првата изјава на Робин ван Перси како фудбалер на Црвените Ѓаволи.
 
"Со нетрпение чекам да ги следам чекорите на големиот број одлични напаѓачи кои играле за овој клуб, да допринесам со моето искуство и да му помогнам на тимот да се натпреварува за најголемите трофеи".
 
Сумата која ја плаќа Манчестер Јунајтед за трансфер на Ван Перси изнесува 24 милиони фунти.