24фудбал

Ван Перси ќе дебитира во понеделник, против Евертон

Сер Алекс Фергусон е сигурен дека Робин ван Перси ќе дебитира за Манчестер Јунајтед во понеделник против Евертон.

Англија
Синоќа Манчестер Јунајтед и Арсенал постигнаа договор за трансфер на Робин ван Перси, Холанѓанецот денес треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот со Црвените Ѓаволи.
 
Фергусон верува дека сите формалности набрзо ќе бидат решени и Ван Перси ќе дебитира уште во првото коло против Евертон.
 
"Тој денес треба да ги помине медицинските тестови" - вели Фергусон.
 
"Се надеваме дека се ќе се одвива според планот. Неговиот агент е во разговори со Дејвид Гил (извршниот директор на Јунајтед) во моментов".
 
"Се надеваме дека сите работи наскоро ќе бидат решени. Сигурен сум дека тој ќе биде подготвен за натпреварот во понеделник".
 
Фергусон сега ќе располага со фантастична офанзива, а Руни и Ван Перси треба да го формираат убинствениот тандем.
 
"Руни и Ван Перси се двајца фантастични фудбалери и ќе биде одлично да се имаат двајцата заедно" - додава Фергусон.
 
"Тоа ни дава повеќе сила и комбинации во нападот".
 
"Во 1999 ги имав Двајт Јорк, Енди Кол, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскер, четирите најдобри напаѓачи во Европа".
 
"Сега ги имаме Хавиер Ернандез, Вејн Руни, Робин ван Перси, Дани Велбек и Шинџи Кагава".
 
"Тоа е фантастична колекција на фудбалери и се надевам дека ќе ги избирам вистинските комбинации".
 
"Одлично е да се има фудбалер како Робин ван Перси во составот. Многу сум задоволен".