24фудбал

Шпанија елиминирана од Олимписките игри

По само две одиграни кола во групната фаза, Шпанија е елиминирана од Олимписките игри, Хондурас и го нанесе и вториот изненадувачки пораз.

Останато
Шпанија целеше на златен медал од Олимписките игри но уште во групната фаза го заврши настапот.
 
По поразот од првото коло од Јапонија, денес следуваше нов шок, Хондурас со 1-0 ја совлада Црвената Фурија.
 
Клучниот момент се случи во 7. минута кога Бенгтсон постигна гол кој значеше голема победа за Хондурас.
 
За разлика од Шпанија, Бразил кој исто така влезе како еден од главните фаворити, обезбеди пласман во 1/4 финалето.
 
Бразилците со 3-1 ја совладаа селекцијата на Белорусија.
 
Белорусија дојде во водство со голот на Ренан, но Пато, Нејмар и Оскар стрелаа за победа на Бразил.
 
Победа од 3-1 забележа и селекцијата на Велика Британија над Обединетите Арапски Емирати.
 
Гигс, Стариџ и Синклер ги постигнаа погодоците за домаќините на Олимпијадата.
 
 
Резултати второ коло:
 
Група А:
 
Велика Британија - ОАЕ 3:1
Сенегал - Уругвај 2:0
 
Табела
 
1. Велика Британија 4
2. Сенегал 4
3. Уругвај 3
4. ОАЕ 0
 
Група Б:
 
Мексико - Габон 2:0
Јужна Кореја - Швајцарија 2:1
 
Табела
 
Мексико 4
Јужна Кореја 4
Швајцарија 1
Габон 1
 
Група Ц
 
Бразил - Белорусија 3:1
Египет - Нов Зеланд 1:1
 
Табела
 
Бразил 6
Белорусија 3
Египет 1
Нов Зеланд 1
 
Група Д
 
Шпанија - Хондурас 0:1
Јапонија - Мароко 1:0
 
Табела
 
Јапонија 6
Хондурас 4
Мароко 1
Шпанија 0