24фудбал

Џеко: Не прговарам со Милан

Напаѓачот на Манчестер Сити, Един Џеко вели дека не преговара со Милан, и го отфрла сториите кои го поврзуваат со трансфер на Сан Сиро

Италија

Вчера, агентот Сеад Сушиќ за медиумите од Италија изјави дека веќе е остварен контакт помеѓу Милан и Един Џеко, и истакна дека постојат добри шанси напаѓачот да пристигне на Сан Сиро како замена за Златан Ибрахимовиќ.

Подоцна ваквите стории ги демантираше Манчестер Сити, а истото сега го направи и Един Џеко.

Репрезентативецот на БиХ постираше соопштение на својата веб страна кое вели: “По новите шпекулации за мое заминување од Манчестер Сити, и изјавите за медиумите од Италија на лицето кое се претстави како мој агент, сакам да ја известам јавноста дека не преговарам со Милан.”

“Мојот агент е Ирфан Реџепагиќ, а ниту тој, ниту јас не водиме преговори за заминување од Сити.”

“Фокусиран сум само на Манчестер Сити, и не ме интересираат сториите на медиумите, особено не оние кои доаѓаат од луѓе кои немаат никаква врска со мене.”