24фудбал

Манчестер Сити: Един Џеко е наш фудбалер

’Граѓаните’ ги отфрлаат сториите кои го поврзуваат репрезентативецот на БиХ со трансфер во Милан

Англија

Се шпекулира дека Милан посакува да го ангажира Един Џеко како замена за Златан Ибрахимовиќ, кој денеска го комплетираше трансферот во ПСЖ.

Агентот Сеад Сушиќ за медиумите од Италија откри дека ’Росоњерите’ веќе оствариле контакт со напаѓачот, и истакна дека шансите за реализација на оваа зделка се 70%.

Сепак, ’Граѓаните’ веднаш се огласија по ваквите изјави, и вечерва ги отфрлија сториите за преселба на Един Џеко на Сан Сиро.

“Клубот не знае кој е господинот Сушиќ, ниту пак е издадено овластување на трета страна да води преговори за трансфер на Един Џеко, кој останува фудбалер на Манчестер Сити.” – рече портпаролот на актуелниот шампион на Англија.