24фудбал

Џеко сака преселба во Милан

Агентот на Един Џеко вели дека репрезентативецот на БиХ посакува да игра во Милан, и верува дека добри се шансите неговиот клиент да заврши на Сан Сиро

Италија

Се шпекулира дека Милан по продажбата на Златан Ибрахимовиќ на ПСЖ ќе се обиде да го ангажира Един Џеко, кој ќе треба да биде замена за шведскиот репрезентативец.

Агентот на напаѓачот за медиумите од Италија денеска откри дека веќе се остварени првични контакти.

Сеад Сушиќ исто така вели дека Един Џеко посакува трансфер во Милан, и верува дека добри се шансите неговиот клиент да заврши на Сан Сиро.

“Един посакува да игра во Серија А во дресот на ’Росоњерите’.” – рече Сушиќ за spaziomilan.it.

“Веќе беше остварен контакт, преговорите ќе продолжат. Ајде да видиме што ќе се случи во следните денови.”

“По заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, Џеко би бил идеална замена. Трансфер во Милан ќе биде извонредно искуство.”

“Какви се шансите за преселба на Џеко на Сан Сиро? Би рекол дека шансите се добри, околу 70%.”