24фудбал

ПСЖ се интересира за Агим Ибраими!?

По ангажманот на Лавеци, Тиаго Силва и Ибрахимовиќ, словенечките медиуми најавуваат дека и македонскиот репрезентативец, Агим Ибраими би можел да се пресели во ПСЖ.

Македонија
Звучи неверојатно, но словенечкиот медиум ekipa.org објавува дека богатиот ПСЖ се интересира за офанзивниот фудбалер на Марибор, Агим Ибраими.
 
Македонскиот репрезентативец е во бележникот на Карло Анчелоти, и за сума од 1,6 милиони евра би можел да се пресели во Паркот на Принцовите.
 
Парижаните ќе ги следат игрите на Ибраими на квалификационите дуели за Лигата на Шампионите помеѓу Марибор и Железничар.
 
Нашиот фудбалер имаше одлична сезона во Марибор и беше еден од главните носители на играта на словенечкиот шампион.
 
Ваквите шокантни информации не беа потврдени, но не беа ни демантирани од спортскиот директор на Марибор, Златко Заховиќ, кој на прашањето за Ибраими, одговори: "Фокусирани сме единствено на дуелите со Железничар".