24фудбал

Ибра на чекор до потпис со ПСЖ

Италијанскиот весник Gazzetta dello Sport, пишува дека Златан Ибрахимовиќ денес ќе ја прифати понудата на ПСЖ.

Франција
Милан ја прифати понудата на ПСЖ, но проблем беа личните барања на Златан Ибрахимовиќ, сепак според последните информации, се гледа крајот на трансфер сагата и наскоро Ибра ќе стави потпис на договор со францускиот клуб.
 
Според Gazzetta dello Sport, Ибрахимовиќ денес ќе ја прифати понудата на ПСЖ, утре ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.
 
"Вторник ќе биде значаен ден" - изјави генералниот директор на ПСЖ, Леонардо, човекот кој преговараше со агентот на Ибра, Мино Раиола.
 
Најверојатно Ибрахимовиќ ќе има годишна плата од 12 милиони евра, која со бонуси ќе може да порасне на 14,5 милиони евра.
 
"Договорот на Ибрахимовиќ со ПСЖ сеуште не е финализиран, но работиме да го направиме тоа" - изјави синоќа Мино Раиола за Sport Italia.
 
"Ова е значаен трансфер и деталите се значајни".
 
"Знам дека никој не очекуваше Ибра да си замине од Милан по две години, но за жал трансфер пазарот е таков".
 
"Желбата на фудбалерот секогаш е значајна, неговиот потпис е последен во договорот. Доколку Ибра го напушти Милан, тоа значи дека ја одобрил продажбата".