24фудбал

Манчини: Тевез и Џеко остануваат во Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини вели дека Карлос Тевез и Един Џеко остануваат во тимот и следната сезона.

Англија
Тевез и Џеко се поврзуваа со трансфер во Милан откако Росоњерите се одлучија да ги продадат Тиаго Силва и Златан Ибрахимовиќ.
 
Медиумите шпекулираат дека агентите на двајцата фудбалери оваа недела ќе пристигнат во Милано на преговори со раководството на Милан, но Манчини очекува Тевез и Џеко да останат.
 
"Двајцата ќе останат. Тие се мои напаѓачи и дел од моите планови. Тука имаме значаен проект и не сакаме да продаваме" - изјави Манчини.
 
Ставот на Манчини би можел да се промени доколку раководството на Сити успее да го донесе Робин ван Перси.