24фудбал

Младиот М’Баје Нианг на проба во Арсенал

17 годишниот напаѓач на Кан, М’Баје Нианг ќе замине на проба во Арсенал, и ќе има прилика да го покаже својот талент пред Арсен Венгер

Англија

Медиумите од Англија и Франција пренесуваат дека Нианг во текот на оваа недела ќе пристигне во Арсенал на проба.

17 годишниот Французин важи за голем талент, и веќе го привлече вниманието на голем број клубови, а новиот тренер на Кан, Патрис Гаранд го советува фудбалерот да не брза со одлуката за заминување.

“Тој има голем таленти и потенцијал да направи добра кариера.” – рече Гаранд.

“Но во моментов прави погрешни чекори.”

Запрашан дали ќе смета на Нианг следната сезона, Гаранд рече: “Доколку тој остане тука секако деке ќе го имам во предвид, но доколку замине утре нема да сметам на него.”

Нианг дебитираше во првиот тим на Кан во сезоната 2010/2011, кога стигна до својот деби погодок, и со 16 години, 4 месеци и 18 дена, стана вториот најмлад стрелец во шампионатот на Франција.