24фудбал

Балотели: Се надевам дека против Шпанија ќе биде уште подобро

Марио Балотели вели дека натпреварот против Германија е еден од неговите најдобро денови, но се надева дека против Шпанија во финалето ќе биде уште подобро.

ЕУРО 2016
Марио Балотели е херојот на Италија, со неговите два гола Азурите ја победија Германија и се пласираа во големото финале каде што ќе играат против Шпанија.
 
"Одлични перформанси, но на крајот имавме мали потешкотии. Можевме тоа да го избегнеме, но така се одвиваа работите. Најважен е резултатот, а ние победиме" - изјави Балотели по натпреварот.
 
"Првиот гол беше по одличен центаршут на Касано, додека вториот дојде по фантастично додавање од Монтоливо".
 
"Уште од почетокот на самиот турнир сакав да постигнам голови, но можеби ми недостасуваше малку среќа".
 
"Не треба да се плашиме од Шпанија и нивната посед на топка. Ние веќе постигнавме гол против нив, силни сме како нив, ако не и повеќе".
 
"Ова беше еден од моите најдобри денови во мојот живот, но се надевам дека против Шпанија ќе биде уште подобро".
 
"Споредено со Германија, Шпанија има друг начин на игра, но ние ги знаеме нашите силни страни и можеме да играме против било кој".