24фудбал

Земјотресот го одложи пријателскиот натпревар на Италија против Луксембург

Силниот земјотрес во Италија го одложи подготвителниот натпревар на Азурите против Луксембург кој требаше да се одигра вечерва.

ЕУРО 2016
Натпреварот помеѓу Италија и Луксембург нема да се одигра вечерва поради земјотрестој кој го зафати апенинскиот полуостров.
 
Утринава земјотрес со јачина од 5,8 степени според рихтеровата скала ја зафати Италија, има најмалку шест загинати и повеќе повредени.
 
Поради сериозноста на ситуацијата, Фудбалската Федерација на Италија во соработка со локалната власт одлучи натпреварот против Луксембург кој требаше да се одигра во Парма, да биде откажан.
 
Следниот подготвителен натпревар на Италија е на први јуни во Цирих против селекцијата на Русија.