24фудбал

Коринтијанс во моментов не планира да го обнови интересот за Тевез

Директорот за фудбал на Коринтијанс, Еду вели дека тие во моментов немаат планови за обновување на интересот за услугите на Карлос Тевез

Јужна Америка

Коринтијанс летоска се обиде да го ангажираат Карлос Тевез и достави понуда до Манчестер Сити вредна 40 милиони евра.

Но двете страни не можеа да ги договорат сите детали па на крајот зделката пропадна.

Иднината на Тевез одново е актуелна тема откако фудбалерот одби да влезе во игра на средбата со Баерн Минхен а Манчестер Сити му изрече двонеделна суспензија на Аргентинецот.

Голем број на клубови се споменуваат како можна идна дестинација на Тевез но според зборовите на Еду, Коринтијанс во моментов нема планови за обновување на интересот за услугите на напаѓачот.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, кој сега е директор за фудбал во Коринтијанс, за BBC рече: “Во овој момент немаме планови за одново да се обидеме да го ангажираме.”

“Почнувам да правам планови за нашиот нов состав за 2012 и разговарав со нашиот тренер (Тите) за тоа што ни е потребно – но името на Тевез не беше споменато.”

“Секогаш сме заинтересирани за фудбалер од светска класа како Карлос но потребно е да проанализирате дали во тој момент за вас ќе биде правилен потег неговиот ангажман. Немаме разговарано со него ниту пак со неговиот агент.”

Еду изминативе два дена беше во Лондон и присуствуваше на конференцијата Leaders in Football каде што присуствуваше и советникот на Тевез, Киа Јорабчиан.

Еду потоа додаде: “Како што стојат работите во овој момент, не сме размислувале за одново да тргнеме по услугите на Тевез.”

“Во средата зборував со претседателот на клубот (Адрес Санчез) да видам дали тој сака да остварам контакт и да започнам преговори додека сум во Европа но тој рече не, оставам на тебе да одлучиш.”

“Секако дека ова може да се промени. Убаво е да се биде овде и да се види правата ситуација на Тевез и да се разговара со луѓето за него. Подоцна можеме да одлучиме дали е правилно за нас одново да се обидеме.”

Запрашан да објасни зошто летоска пропадна трансферот на Тевез во Коринтијанс, Еду рече: “Разговарав со Манчестер Сити во јули и се обидовме да го купиме за 40 милиони евра но преговорите воопшто не беа лесни.”

“Беше потребно да средиме банкарски гаранции и уште неколку други работи. Беше многу тешко да се организира сето ово за само два или три дена.”

“Затоа пропадна зделката.”