24фудбал

Меси: Емоциите не ми дозволија да го следам пресот на Пеп

Лео Меси му се заблагодари на Пеп Гвардиола, и истакна дека не можел да присуствува на прес конференцијата поради емоциите што ги чувствувал

Шпанија

Барселона на прес конференција денеска соопшти дека Пеп Гвардиола одлучил да не го продолжи договорот и да замине од Камп Ноу по крајот на сезоната.

Пресот на стратегот го следеа голем број на фудбалери на Барселона, помеѓу кои Чави, Иниеста, Пујол, Валдез, Педро и Фабрегас, но збогувањето на Пеп не го проследи главната ѕвезда на Каталонците, Лео Меси.

Аргентинецот преку својот Фејсбук профил ја откри причината зошто не се појавил на прес конференцијата, и му се заблагодари на Гвардиола.

“Со целото срце му се заблагодарувам на Пеп за она што го направи за мене, на професионален и персонален план.” – напиша Меси.

“Поради емоциите кои ги чувствував, решив да не присуствувам на прес конференцијата.”

“Знаев дека новинарите ќе се обидат да ги доловат натажените лица на фудбалерите.”

“Решив да не го покажам тоа.”