24фудбал

Пеп: Преморен сум, не можам да продолжам

Пеп Гвардиола вели дека уште минатата година донел одлука да замине од Камп Ноу и се заблагодари за прекрасните четири години поминати на кормилото на Барселона

Шпанија

Стратегот, во придружба на претседателот, Сандро Росел и техничкиот директор Андони Зубизарета, денеска се појави на прес конференција на која беше соопштено дека Пеп Гвардиола заминува од Барселона по крајот на оваа сезона.

“Добар ден на сите, сакам да разберете дека ова не е лесна одлука за мене.” – беа првите зборови на Пеп.

“Најпрво, жалам за сета неизвесност што беше креирана. Претпоставувам дека тоа е погрешно.”

“Го обновував договорот година за година бидејќи барањата во Барселона се огромни. Го искусив тоа како фудбалер и знам како стојат работите.”

“Четири години се цела вечност за тренер на Барселона.”

“Во декември минатата година, на претседателот и техничкиот директор им соопштив дека се ближи крајот на мојата ера. Но ова не можев да им го кажам на фудбалерите, бидејќи тренерот е една од најважните алки во тимот.”

“Сега кога сме надвор од две важни натпреварувања, е добар момент да ја соопштам одлуката.”

Пеп потоа додаде: “Четирите години поминати на кормилото на Барселона ме преморија. Тоа е главната причина зошто заминувам.”

“Тренерот што ќе ме наследи ќе можа да понуди нешто што јас повеќе не можам.”

“Барањата се премногу високи, притисокот, неопходната енергија да ги притискате фудбалерите и да уживате. Потребен ми е одмор.”

“Знам дека го напуштам најдоброто место, но ова е вистинско време за ваков потег. Многу сум задоволен со резултатите што ги постигнавме.”

“Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите. Ми беше привилегија што ги имав, од прв до последен, и сите овозможија да уживам во работата.”

Гвардиола го превзеде првиот тим на Барселона во 2008, и со само четири години поминати на кормилото, стана најуспешниот тренер во историјата на Каталонците.

Под негово водство Барса освои 13 трофеи: три титули во Ла Лига, две титули во Лигата на Шампионите, еден трофеј од Копа дел Реј, три трофеи од Суперкупот на Шпанија, два трофеи од Суперкупот на Европа и два трофеи од Светското Клупско Првенство.