24фудбал

Официјално: Тито Виланова нов тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Сандро Росел објави дека досегашниот прв асистент на Пеп Гвардиола, Тито Виланова ќе биде новиот тренер на тимот.

Шпанија
На денешната прес конференција по повод заминувањето на Пеп Гвардиола, претседателот Сандро Росел потврди дека нов тренер на Барселона ќе биде Тито Виланова.
 
Откако се дозна дека Пеп Гвардиола го напушта кормилото на Барселона, медиумите веднаш започнаа со шпекулации за идниот тренер на Каталонците.
 
Но, ситуацијата била позната од поодамна, раководството на клубот уште во декември знаело за заминувањето на Гвардиола, а Тито Виланова бил избран за негов наследник. 
 
Со доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на Барселона во 2008 година, Тито Виланова беше назначен за негов асистент.
 
Тој е посочуван како многу значајна алка во големите успеси на Барселона, ужива голема почит кај Пеп Гвардиола, фудбалерите и раководството на клубот.