24фудбал

Гвардиола: Момци, јас заминувам!

Пеп Гвардиола на своите фудбалери им соопштил дека заминува по крајот на сезоната и официјална потврда ќе пристигне на прес конференцијата која ќе се одржи во 13:30

Шпанија

Медиумите од Шпанија уште вчера започнаа да пишуваат дека Пеп Гвардиола нема да го продолжи договорот, а стратегот денеска истото им го соопштил на фудбалерите.

Пред почетокот на утринскиот тренинг, Пеп одржа средба со тимот која траеше околу еден час, и на играчите им ја пренел одлуката да замине од кормилото по крајот на сезоната.

Барселона на својата веб страна потврди дека стратегот во придружба на претседателот, Сандро Росел и техничкиот директор, Андони Зубизарета ќе се појави на прес конференција во 13:30, и се очекува тогаш официјално да биде соопштено дека Пеп Гвардиола заминува од Камп Ноу.