24фудбал

Венгер: Јас во Барселона? Среќен сум во Арсенал

Арсен Венгер е изненаден од одлуката на Пеп Гвардиола да замине од Барселона, Французинот демантира дека би можел да седне на клупата на Каталонците.

Шпанија
Гвардиола заминува од Барселона, во 13.30 е закажана прес конференцијата на која и официјално ќе ја соопшти својата одлука.
 
Многумина се изненадени од одлуката на Гвардиола да замине од Барселона, повеќето очекуваа дека по сезоната без голем трофеј Пеп ќе се обиде да ги врати титулите на Камп Ноу, но тоа нема да се случи.
 
Еден од изненадените е и тренерот на Арсенал, Арсен Венгер.
 
"Заминувањето на Пеп е големо изненадување за мене" - изјави Арсен Венгер.
 
"По разочарувањата кои ги имаше минатата недела (поразите од Реал и Челзи), не е секогаш добро време да се донесе ваква одлука".
 
"Сакав Гвардиола да останеше и да ја продолжеше својата филозофија во клубот. Тоа ќе беше интересно".
 
Венгер беше запрашан и дали сака да го наследи Гвардиола на кормилото на Барселона.
 
"Јас во Барселона? Среќен сум тука, во Арсенал".