24фудбал

Гвардиола: Ова не е наша година

Пеп Гвардиола не го крие разочарувањето по елиминацијата на Барселона од Лигата на Шампионите, вели дека ова не е нивна година.

Лига на Шампиони
По загубената титула во Примера, Барселона синоќа доживеа и елиминација од Лигата на Шампионите, Каталонците одиграа само 2-2 против Челзи и со вкупни 2-3 го завршија натпреварувањето.
 
"Јасно е дека фудбалерите се многу разочарани. Клучен момент беше погодокот на Рамирес пред крајот на првото полувреме, тоа не погоди психолошки" - изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.
 
"Направивме се за да победиме, не само вечерва, туку и во двата натпревари. Имавме шанси да постигнеме повеќе голови тука, имавме и пенал. Но и тоа не беше доволно".
 
"Тешко беше да ги пробиеме. Тие играат со многу фудбалери во одбраната па се обидувавме по крилните позиции да напаѓаме. Не е лесно. Натпреварот ме потсети на оној против Интер од пред две години, но пофрустрирачки е тоа што на овие дуели имавме повеќе шанси отколку тогаш. Во наредните денови ќе анализираме каде погрешивме".
 
Лионел Меси е трагичарот на Барселона на овој натпревар, Аргентинецот не реализираше удар од белата точка, во осум натпревари против Челзи тој нема постигнато гол.
 
"Мора да му се заблагодариме на Лионел Меси за она што го дава за овој клуб. Мојата восхит за него не познава граници. Тој е пример за сите кои сакаат да се подобрат".
 
"Го знам каков натпреварувач е, па не се сомневам дека ќе му биде многу тешко особено поради промашениот пенал. Но тоа е убавината на оваа игра".
 
"Потфрливме. Се разбира има работи кои би сакал да ги корегирам, но ние не сме во финалето. Честитки за Челзи кои ќе играат таму. Ние пропуштивме големи шанси тука и на Стемфорд Бриџ. Ова не е наша година".
 
"Им честитам на Челзи за нивната храброст и ментална цврстина, прикажаа фантастични дефанзивни перформанси. Им посакуваме среќа во финалето".
 
"Барселона следната сезона повторно ќе се бори во Лигата на Шампионите. Во изминатите четири години играме одлично на овој турнир, но некогаш победувате, некогаш губите, тоа е убавината на спортот".
 
Гвардиола сеуште нема потпишано нов договор со Барселона, па беше запрашан и за неговата иднината.
 
"Мојата иднина? Ќе донесам одлука во наредните денови".
 
"Ќе разговарам со претседателот и ќе одлучиме што е најдобро за клубот".