24фудбал

Данте: Мојот агент преговара со Баерн

Дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах, Данте потврди дека неговиот агент е во преговори со Баерн Минхен

Германија

Медиумите од Германија подолго време шпекулираат дека 28 годишниот Бразилец ќе се пресели на Алианц Арената, откако Баерн Минхен се сложил да ја плати откупната клаузула во неговиот договор вредна околу 4,6 милиони евра.

Данте сега потврди дека преговорите се во напредна фаза, и тој е среќен што му се укажува прилика да игра за Баерн Минхен.

За ESPN Estadao тој рече: “Баерн преговара со мојот агент.”

“Останува да се договорат последните детали. За многу фудбалери сон е да се игра за голем клуб како Баерн.”

“За мене сонот ќе се оствари. Имам уште еден сон, да заиграм за националниот тим на Бразил и се надевам дека и тој наскоро ќе се оствари.”