24фудбал

Хејнкес: Одигравме одлично и заслуживме победа над Реал Мадрид

Јуп Хејнкес вели дека неговите фудбалери покажале пасија, страст и глад за успех неопходен за победа над Реал Мадрид.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен ја доби првата пресметка против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
 
Со гол на Гомез во последните минути од натпреварот Баерн Минхен дојде до победа од 2-1 која ќе се обиде да ја одбрани на Сантијаго Бернабеу.
 
Тренерот на Баварците, Јуп Хејнкес не го крие задоволството од играта на неговите фудбалери за кои вели дека во целост ги исполниле задачите кои им ги поставил.
 
"Кога резултатот е 1-1 секогаш е можно да примите нов погодок кога атакувате по победа. Се надевате на неа до самиот крај, заслужено победивме" - изјави Хејнкес по натпреварот.
 
"Реал Мадрид играше добро во првите 15 минути, потоа ние ја превземавме иницијативата. Одигравме многу паметно до самиот крај".
 
"Играчите ги исполнија задачите кои им ги поставив. Покажаа пасија, страст и глад за успех, тоа е она што го барате во полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите. Моите фудбалери го направија тоа вечерва".
 
"Реал Мадрид е класа тим, и не можете да ги победите без да ви создадат проблеми, јас сум задоволен од нашите севкупни перформанси".
 
"Во Мадрид подобро е да тргнеме кон постигнување на гол отколку да паркираме автобус".
 
"Марио Гомез одигра одличен натпревар, трчаше многу, се обидуваше да ја добие секоја топка и беше многу силен. Неговата задача е токму тоа што го правеше, потребни му се додавања кои знае многу добро да ги реализира".
 
"Но мислам дека најдобар фудбалер на теренот вечерва беше Френк Рибери".