24фудбал

Мурињо: Негатива која може да се надополни

Жозе Мурињо верува дека Реал Мадрид во реваншот ќе дојде до резултат кој ќе го однесе во финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Реал Мадрид ја загуби првата полуфинална пресметка против Баерн Минхен која се одигра на Алијанц Арената.
 
Кралевите на Бернабеу ќе треба да анулираат негатива од 2-1, Мурињо вели дека тоа е далеку од невозможна мисија и верува дека неговиот тим ќе биде севкупен победник во дуелот со Баварците.
 
"Ова е наш прв пораз оваа сезона во Лигата на Шампионите, но не е пораз кој ми остава негативно чувство. Загубивме на гостување во добар натпревар" - изјави Мурињо по натпреварот.
 
"Ова беше типичен полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите. Не заслуживме да загубиме, мислам дека реми ќе беше пофер резултат, но таков е фудбалот, оној кој ќе постигне погодок победува. Не е важно дали ќе постигнете погодок во првата минута и или во последната.”".
 
"Имаме реванш натпревар и тоа не е дуел во кој ни е потребен некој историски пресврт, она што ни треба е многу достижно".
 
"Дуелот на Бернабеу ќе биде тежок, но доколку победиме со 1-0, 2-0, 3-1 ние сме во финале. Оптимист сум дека можеме да играме во финале".
 
"Првиот гол беше офсајд, и нема сомнение во тоа, но тоа се нормални грешки на судиите кои се случуваат. Ништо страшно".
 
"Во реванш натпреварот нашите фанови треба да одиграа улога како што вечерва тоа го направија фановите на Баерн Минхен".
 
"Имаме малку време за подготовки, но ќе бидеме подготвени за натпреварот во среда. Не знам каков вид на натпревар не очекува во реваншот, но ние секогаш играме на победа, така ќе биде и тогаш".