24фудбал

Гомез погоди во финишот за предност на Баерн Минхен

Баерн Минхен со гол на Марио Гомез во самиот финиш од натпреварот го победи Реал Мадрид во првата полуфинална пресметка од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен со 2-1 го победи Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.
 
Минхен останува неосвоиво место за Кралскиот Клуб, Баварците со германски шмек во последните моменти од натпреварот се радуваа на триумф.
 
Реал Мадрид добро го започна натпреварот, фудбалерите на Жозе Мурињо извршија почетен притисок врз голот на Нојер, во тие моменти Карим Бензема имаше убава можност за погодок, голманот на Баерн одбрани.
 
Во 17. минута радост на Алијанц Арената, Рибери постигнува гол за водство на Баерн Минхен од 1-0, лоша интервенција на одбраната на Реал Мадрид.
 
Играта на Реал Мадрид падна, Баерн Минхен ја превзема иницијативата и атакуваше кон втор погодок.
 
По седум минути игра во второто полувреме, Месут Озил го израмнува резултатот по асистенција од Роналдо.
 
По израмнувачкиот погодок, Реал Мадрид ја умртви играта, Баерн Минхен тешко создаваше шанси пред голот на Касиљас, не беа опасни ниту Кралевите.
 
Но во 90. минута ново невнимание на одбраната на Реал Мадрид, ниско нафрлување на Филип Лам, Гомез реализира за огромна радост на домаќините.
 
На крајот заслужена победа на Баерн Минхен која ветува неизвесен и интересен реванш на Сантијаго Бернабеу.